Ќе ја изгубат титулата, а нив „мува не ги лази“ – лумпуваа и китеа девојки со пари во ноќен клуб! (видео)

3691

Екипата на Алијанца од Лима одиграа без голови против АДТ на домашен терен и со тоа останаа без два драгоцени бода во трката за титулата. Мечот мораше да се добие за да се остане на првото место на табелата, меѓутоа иако важеа за фаворити фудбалерите на Алијанца одиграа реми и паднаа на третото место на табелата со 34 бода по 17 кола. Сега Алијанца има два бода помалку од лидерот Универзитарио на едно коло пред крајот на Клаусура.

Ремито не ги потресе многу дел од играчите на Алијанца.  Неколку часа подоцна пола екипа заминале на приватна забава во ноќен клуб каде што конзумирале алкохол и ги кителе танчерките со пари. Сето тоа било снимено со мобилен и објавено на социјалните мрежи. Меѓу играчите се нашле Пабло Сабаг, Андрес Андраде, Брајан Рејна и Карлос Замбрано со тоа што последните двајца дивееле најако таа вечер.

А Замбрано претходно пропушти неколку натпревари поради повреда, а тука ги покажа своите танчерски способности во комбинација со алкохол, цигари и пари.

Алијанца беше шампион на Перу минатата година, а оваа година ја освои Апертура.

Навивачите на клубот веќе наредниот ден се собраа пред клупските простории барајќи средба со играчите и објаснување за тоа што се случи изминатиот викенд.

ПретходноМајката на Мбапе: Како мал навиваше за Милан, кога ќе изгубеа пцуеше на италијански
СледноПочнува НБА: Денвер ја брани титулата, главни конкуренти Милвоки и Бостон