Фудбалерите на Реал (М) славеа со 2:1 на гостувањето кај екипата на Брага и со третата победа едноподруго веќе го визираа своето место меѓу екипите кои ќе патуваат во нокаут-фазата на најсилното европско клупско натпреварување. Со головите на Родриго во првото и на Џуд Белингем на стартот на вториот дел, „кралскиот клуб“ имаше предност од 2:0, за Брага многу брзо со голот на Џало да намали на 2:1, но до крајот на средбата не успеа да стигне до реми.
Во вториот меч од оваа група, Наполи со голот на Распадори дојде до голема победа кај Унион Берлин. Нашиот Елмас почна од клупата, но доби шанса веднаш на стартот на второто полувреме.
Манчестер Јунајтед вечерва со многу мака на крајот конечно ја прокнижи првата победа во групата „А“. На домашен терен „црвените ѓаволи“ минимално со 1:0 славеа над екипата на ФК Копенхаген и тоа благодарение на критикуваниот дефанзивец Мегваер, кој беше најсмасен во противничкиот шеснаесетник во 72. Минута, кога со глава погоди за водство и победа на својот тим.
Вредни три бода и за Арсенал на гости кај Севиља. Со головите на Мартинели и Габриел Жезус момците на Артета ја прокнижија втората победа, која благодарение на ремито (1:1) мѓу Ленс и ПСВ ги остава на врвот на табелата со бод предност пред францускиот тим.
Бенфика приреди ново разочарување за своите фанови, откако вечерва во Лисабон загуби од Реал Сосиедад со минимални 1:0. Голот за одлука го постигна Браис Мендез во 63. минута.
Лига на шампиони – 3. коло
Група А
Галатасарај – Баерн Минхен 1:3
Манчестер Ј. – ФК Копенхаген 1:0
Група Б
Ленс – ПСВ Ајндховен 1:1
Севиља – Арсенал 1:2
Група Ц
Брага – Реал Мадрид 1:2
Унион Берлин – Наполи 0:1
Група Д
Интер – Салцбург 2:1
Бенфика – Реал Сосиедад 0:1