Реал Мадрид се соочи со проблем пред денешната средба против Брага во рамките на третото коло во Лигата на шампионите во групата Ц. На синоќешниот тренинг се повреди Едуардо Камавинга.
Шпанските медиуми пишуваат дека французинот ја повредил десната нога и тој нема да биде во составот.
Засега нема информации за што точно се работи. Но, ситуацијата е алармантна, бидејќи Реал за четири дена и гостува на Барселона во „Ел Класико“.
На голема среќа Карло Анчелоти има голема клупа, па вечерва ќе има место на Лука Модриќ во почетните 11.
По две кола Реал е лидер со шест бода, додека Брага е трета со три бода. Дуелот во Брага започнува во 21 часот, а воедно вториот натпревар од оваа група ќе го одиграат Унион Берлин и Наполи.