Судии за Куп: Пројковска ќе и суди на Брегалница, Трпчевски “главен“ на “езерското дерби“

720

Познати се судиите за утрешните мечеви од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Интересно е што Ивана Пројковска, нашата најдобра судијка добива се поголема шанса да се докаже и во машкиот фудбал. Па така таа ќе го суди мечот во Штип меѓу Брегалница и Јанг Тим.

Мечот меѓу Вардар и Македонија ЃП ќе го суди Димитар Пилешков од Штип, дуелот Работнички – Шкендија ќе го суди Александар Грујоски а на “Езерското дерби“ меѓу Воска и Струга ТЛ, правдата ќе ја дели Стојанче Трпчевски од Кавадарци.

ДВОЈКИ ЗА 1/8 ФИНАЛЕТО И СУДИИ (СРЕДА – 14 Ч)

Вардар – Македонија ЃП: Димитар Пилешков (Штип)

Брегалница – Јанг Тим: Ивана Пројковска (Скопје)

Работнички – Шкендија: Александар Грујоски (Кичево)

Силекс – Башкими: Фатмир Бафто (Охрид)

Пелистер – Тиквеш: Ндерим Тефику (Куманово)

Брера Струмица – Гостивар: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)

Шкупи – Охрид: Благојче Ралевски (Битола)

Воска – Струга ТЛ: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

ПретходноКуп: Работнички ќе ја пречека Шкендија на ФФМ, Шкупи ќе биде домаќин во с.Петровец!
СледноПрво европски гостување: Ла Риоха е новиот предизвик за Алкалоид!