Томас Милер е најуспешниот фудбалер во историјата на Бундеслигата!

239

Триумфот на Баерн Минхен на гостувањето кај Мајнц, донесе тоа да Бундеслигата сега има нов рекордер. А тоа Томас Милер, ветеранот на “баварците“ и репрезентацијата на Германија.

Image

Овој триумф за него беше 323 во кариерата и сосема доволно да се искачи на првото место на ранг листата на играчи со најмногу победи во историјата на Бундеслигата.

Милер има 34 години, досега одиграл 449 натпревари во елитната лига на Германија, а се радувал на 323 победи или една повеќе од досегашниот рекордер Мануел Ноер.

ПретходноТеренот на Арената добива нов лик! Сејдини: Фудбалот и репрезентацијата ова го заслужуваат! (ФОТО)
СледноКапело: Касано пред секој меч порачуваше помфрит, затоа постојано се расправавме!