Удинезе се раздели со Сотил, а го враќа Чофи

91
Габриеле Чофи

Од раководството на Удинезе донеле решение да се разделат со тренерот Андреа Сотил, а на негово место се враќа Габриеле Чофи, пренесуваат италијанските медиуми. Причината за ваквиот потег е лошиот старт на тимот од Удине во Серија А затоа што по девет кола нема ниту една победа и скор од шест ремија и три порази поради кои се наоѓа на 18. место на табелата.

Чофи работеше во Удинезе во сезоната 2021/22, а потоа ја презема Верона и со неа се раздели на почетокот на оваа сезона.

Како споредба минатата сезона во овој период Удинезе имаше дури шест победи и само еден пораз. На крајот заврши на 12. место.

ПретходноЧурлинов стрелец на гол во победата на Барнли над Блекбурн
СледноМајката на Мбапе: Како мал навиваше за Милан, кога ќе изгубеа пцуеше на италијански