Јувентус и официјално го обнови договорот со Федерико Гати до летото 2028. Веста беше потврдена на клупската веб-страница.
25-годишниот централен дефанзивец минатата година дебитираше за италијанската репрезентација, а од стартот на актуелната сезона се повеќе е дел од плановите на Масимилијано Алегри.
Гати е момче од Торино, иако смени многу клубови пред да се пресели од Фрозиноне во Јуве во јануари минатата година за сума од 5,4 милиони евра.