Декози суспендиран на четири меча, Работнички и МЗТ Скопје вкупно три меча дома без публика

308

Комесарот за натпревари при КФСМ, Александар Милојевиќ денеска ги изрече казните по нередите кои се случија за време на градското дерби на „вечните ривали“ Работнички и МЗТ Скопје. Дуелот кој се одигра во СРЦ „Кале“ беше прекинуван поради нереди и пиротехника.

Кошаркарот на Работнички, Квентон Декози, кој влезе во конфликт, а потоа и го удри во лицето Дамјан Стојановски од МЗТ Скопје А. е суспендиран на четири меча, а покрај тоа ќе плати и парична казна од 25.000 денари. Работнички следните два меча ќе ги игра пред празни трибини, а згора на се ќе плати и парична казна од 69.000 денари.

МЗТ Скопје исто така еден меч ќе биде без публика, поради фрлени пиротехнички средства од нивните навивачи во „Кале“. Згора на тоа МЗТ Скопје А. ќе плати и 28.000 денари поради неспортско навивање и фрлени предмети на теренот.

ПретходноШпетим Дуро: Пеналите се прашање на среќа, не секогаш подобриот победува!
СледноЛШ: Барселона со трета победа, Феенорд го преслуша Лацио (ВИДЕО)