Интересно беше попладнево на преостанатите мечеви од 1/8 финалето во Купот. Сензација во Охрид, Воска успеа на пенали да го победи шампионот, тимот на Струга ТЛ.
Исто се изведуваа пенали и во Струмица, каде Брера со 5:4, откако во регуларниот дел беше 0:0, го победи Гостивар. Треба да се каже дека во текот на мечот на струмичани им беше поништен чист гол.
Со голот на Мојсов, Тиквеш со 0:1 го победи Пелистер и се пласира во следната фаза. Силекс имаше водство од 3:0 против Башкими, но на крајот оваа средба заврши со 3:2, сепак кратовци одат натаму.
РЕЗУЛТАТИ
БРЕРА – Гостивар 0:0 (П5:4)
БРЕГАЛНИЦА – Јанг Тим 11:0
Пелистер – ТИКВЕШ 0:1
РАБОТНИЧКИ– Шкендија 3:2
ШКУПИ – Охрид 4:0
СИЛЕКС – Башкими 3:2
Вардар – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:1
ВОСКА – Струга ТЛ 0:0 (П5:3)