Португалскиот дефанзивец Пепе стана најстариот фудбалер (со исклучок на голманите) кој настапил на натпревар во Лигата на шампионите.
Дефанзивецот стартуваше за Порто на натпреварот против Антверпен со полни 40 години и 241 ден.
Пепе го собори рекордот на Алесандро Костакурта и Дејвид Вер, кои на овој турнир настапија со 40 години и 211 дена. Португалецот вечерва го одигра својот 115. натпревар во Лигата на шампионите.
– 🚨 Historical:
– Pepe is the oldest player to play in the Champions League at 40 years and 241 days. pic.twitter.com/yGxH6Lxmss
— Football World ⚽ (@X_FootballWorld) October 25, 2023