Поранешниот македонски селектор ќе го води Пролет во Прилеп

202

Пролет на дуелот против Прилеп ќе биде под водство на Илија Темелковски, легендата на клубот и поранешниот македонски селектор. До оваа промена дојде откако Алексо Лембанов поднесе оставка по поразот од Вардар Неготино.

„Ракометниот клуб Тинекс Пролет сака да ја информира јавноста дека нашата клупска легенда, Илија Темелковски, ќе ја води екипата на претстојното гостување во Прилеп закажано за петок. Тренерот Алексо Лембанов си поднесе оставка од функцијата по шокантниот пораз од Вардар Неготино, но управата се уште нема донесено одлука дали истата да биде прифатена. За да не бидат донесени брзоплети решенија, одлучивме за истата да се дискутира за време на паузата поради ЕХФ-неделата, a во меѓувреме тимот во Прилеп ќе го предводи Темелковски. Поранешниот македонски селектор е една од најголемите клупски легенди на Тинекс Пролет и немаме сомнеж дека ќе успее да го извлече максимумот од играчкиот кадар што го има на располагање и ќе дојде до позитивен резултат, со кој би си го зацврстиле местото кое води во плејофот“, велат од Пролет. 

ПретходноРоналдо даде повеќе голови со послабата нога, отколку Меси во цела сезона за Интер Мајами
СледноКарачиќ: Знам каква е атмосферата во Битола, имам победи со Вардар!