Ужасни вести од таборот на Вардар… Заврши сезоната за Мицевски и Трајкоски

1141

Како што дознафа Спортспорт, ситуацијата до Дарко Мицевски, капитенот на ФК Вардар не е добра. Искусниот играч за врска се повреди на дуелот против Работнички, и најверојатно се работи за кинење на лигаментите. Тоа значи дека сезонава за Мицевски е завршена и дека му претстои операција, па рехабилитација.
Од друга страна, со ист проблем се соочува и Лука Трајкоски кој се повреди на дуелот против Шкендија.

На обајцата тоа им се случи на домашен терен на стадионот Борис Трајковски. Тоа значи дека Вардар ќе мора да ја доигра сезоната без нив, односно барем до зима кога ќе може евентуално да се донесат замени.

Мицевски туку што се опорави целосно од една тешка повреда, онаа на тетивата, која што ја заработи минатата сезона.

 

ПретходноЛШ: Супер – дерби во Париз, Мбапе и компанија против Милан, Ц. Звезда на гости во Лајпциг, Њукасл го “мерка“ Дортмунд
СледноПИНГ-ПОНГ: Младост 96 и Крива Паланка останаа перфектни