Шпетим Дуро: Пеналите се прашање на среќа, не секогаш подобриот победува!

260

Струга ТЛ денеска во меч од 1/8 финалето во Купот на Македонија беше поразена од Воска и тоа по пенал – серијата. Иако шампионот играше со видно изменет состав, сепак беше подобар, имаше повеже шанси, но исто како и во последното финале во Купот, стружани беа поразени на пенали.

По елиминацијата свој коментар има Шпетим Дуро, стратегот на шампионот:

Пеналите се прашање на среќа. Жалам што победникот не го решивме во тие 90.минути. Игравме речиси со втората екипа, но пак бевме подобри, имавме шанси. Така е тоа во фудбалот, не секогаш победува подобриот“ изјави стратегот на Струга ТЛ.

ПретходноПолувреме: Барса убедлива против Шахтјар! (ВИДЕО)
СледноДекози суспендиран на четири меча, Работнички и МЗТ Скопје вкупно три меча дома без публика