Бинго: Ова е добар резултат, иако знам дека можеме многу повеќе

120

Алкалоид со бод се враќа од првото европско гостување. Против фаворитот Ла Риоха одигра нерешено 29-29 во меч од второто коло во Европската лига. Момците на Кирил Лазаров одиграа многу подобро од премиерата против Војводина, тремата веќе исчезна, на површина излезе квалитетот кој допрва треба да расте.

Арно Бинго, еден од двајцата странци во редовите на македонскиот првак, има за задача оваа сезона да ги турка напред младите ракометари, и секако да го оправда своето присуство во Алкалоид. Тоа го стори синоќа, против Ла Риоха беше стрелец на седум погодоци.

„Не е лесно за младите играчи во нашиот тим да играат против екипи кои имаат многу побогато искуство и многу учества во Европа. Затоа, мислам дека ова е добар резултат за клубот. Но, од друга страна, знам и дека можеме многу повеќе“, изјави Арно Бинго.

Алаклоид во следното коло после ЕХФ неделата ќе биде домаќин на Силкеборг, кој во второто коло беше поразен од Војводина.

ПретходноКарачиќ: Знам каква е атмосферата во Битола, имам победи со Вардар!
СледноЛесјак: Сигурен сум дека ќе изненадиме некој, можеби тоа ќе биде баш Кјелце!