Звучи неверојатно, но така е, тоа се фактите. Откако попладнево на Маџари, нашиот најтрофеен клуб беше совладан од Македонија ЃП со 0:1, во меч од 1/8 финалето на Купот, тоа значи дека Вардар и по цели 17 години нема да го види финалето на ова натпреварување.
Да се потсетиме дека вардарци последен пат играа во финалето во далечната 2007 година кога со 2:1 славеа против Победа.
Се разбира дека во моментов, со оглед на ситуацијата во која се наоѓа клубот, приоритет секако дека првенството и изборување на опстанокот, а купот може да почека за некои поубави времиња.
Новиот стратег на тимот од Ѓоче, Тони Џангаровски имаше успешно деби како тренер на “лавовите“, а тоа значи дека бранителот на пехарот се пласира во следната фаза во Купот на Македонија.