Репрезентацијата на Македонија до 17. години на чело со селекторот Дашмир Деари е поразена со високи и убедливи 0:4 на стартот од квалификацискиот турнир кој што се игра на Малта.
Иако имавме некаква надеж дека оваа кампања ќе ја започнеме позитивно, сето тоа се претвори во тежок дебакл уште по само половина час од денешниот меч кога губевме со 0:3 од разиграниот и полетен противник.
Па кога ќе заминеш на пауза со три гола минус, тоа значи дека можеш само да ја ставиш ситуацијата во некоја „нулта“ позиција, за да не доживееш катастрофа. Избраниците на селекторот Деари успеаа донекаде во тоа, и во второто полувреме примија само еден гол.
Колкав е капацитетот на оваа генерација, која што според пропозициите на УЕФА за прв пат излегува на меѓународна сцена со натпреварувачки карактер ќе мора да видиме од следните два меча. Истите пак се против домаќинот Малта, и огромниот фаворит Шпанија, која што денеска го порази домаќинот до 7:0. Следниот меч Македонија го игра на 28 октомври против „Фуријата“.