Клоп: Операцијата на Робертсон мина во најдобар ред, не знам колку ќе паузира!

94

Повеќе од јасно е дека голем проблем за Ливерпул и стратегот Јирген Клоп е тоа што Енди Робертсон, еден од клучните играчи на “редси“ потешко се повреди и тоа играјќи за својата репрезентација, Шкотска на мечот со Шпанија.

Добра вест е дека операцијата минала во најдобар ред, тоа го потврди и самиот Клоп:

Рбертсон беше подвргнат на оперативен зафат. Самата операција мина успешно, се е во најдобар ред. Сега следува рехабилитација, искрено не знам колку ќе паузира“ рече денеска Клоп.

Инаку најавите се дека, барем според медиумите на Островот, дека одличниот бек го чека пауза од најмалку 10 недели, што значи дека оваа 2023 година за него е завршена.

ПретходноЛШ: Барселона со трета победа, Феенорд го преслуша Лацио (ВИДЕО)
СледноКаталонската “тајна вечера“!