Куп – 1/8 финале: Сензација во Охрид, шампионот елиминиран од Воска по пенал – серијата, Брера подобра од Гостивар на пенали за пласман во 1/4 финале, таму се и Тиквеш, Силекс…

733

Интересно беше попладнево на преостанатите мечеви од 1/8 финалето во Купот. Сензација во Охрид, Воска успеа на пенали да го победи шампионот, тимот на Струга ТЛ.

Исто се изведуваа пенали и во Струмица, каде Брера со 5:4, откако во регуларниот дел беше 0:0, го победи Гостивар. Треба да се каже дека во текот на мечот на струмичани им беше поништен чист гол.

Со голот на Мојсов, Тиквеш со 0:1 го победи Пелистер и се пласира во следната фаза. Силекс имаше водство од 3:0 против Башкими, но на крајот оваа средба заврши со 3:2, сепак кратовци одат натаму.

РЕЗУЛТАТИ

БРЕРА – Гостивар 0:0 (П5:4)

БРЕГАЛНИЦА – Јанг Тим 11:0

Пелистер – ТИКВЕШ 0:1

РАБОТНИЧКИ– Шкендија 3:2

ШКУПИ – Охрид 4:0

СИЛЕКС – Башкими 3:2

Вардар – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:1

ВОСКА – Струга ТЛ 0:0 (П5:3)

ПретходноКуп – 1/8 финале: „Лавовите“ го елиминираа Вардар, Работнички ја победи Шкендија, Брегалница се “истури“ од голови за 1/4 финале, таму е и Шкупи!
СледноДеари и „надежите“ со тежок пораз против Словачка