Каталонците ја остварија и третата победа во групата Х во Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен со 2:1 свалеа над Шахтјор. Тимот на Чави одигра одличен меч кој можее и порано и поубедливо да го реши во своја полза. Каталонците чекаа до 28. минута кога Феран Торес успеа да ја затресе мрежата за водство од 1:0, откако претходно поради офсајд еден гол на домашните им беше поништен.
До крајот на првиот дел младиот Фермин Лопез во 38. минута по асистенција на Торес и вторпат прецизно стрелаше во мрежата на Ризник и ја однесе Барселона на пауза со 2:0.
Во вториот дел Фермин Лопез ја погоди стативата од гостинскиот гол, па потоа постигна и ефктен погодок, кој повторно беше поништен поради офсајд, а гостите потоа преку Судаков се изборија за еден гол-надеж, кој на крајот излезе и конечен резултат на средбата.
Феенорд одигра блескав меч против Лацио и сосема заслужено ја оставри и втората победа во групата. Два гола постигна 22-годишниот Мексиканец Сантијаго Хименез, а еден беше дело на Алжирецот Зеруки. Лацио почесниот гол го постигна од белата точка, а стрелец беше Педро.