ЛШ: ПСЖ го прегази Милан, Сити со трета победа, Борусија го шокира Њукасл (ВИДЕО)

241

Во дербито на вечерта во третото коло од групата фаза на Лигата на шампионите, екипата на ПСЖ успеа да го совлада големиот ривал Милан со 3:0 и со тоа да ја обезбеди втората победа која ги носи чекор поблиску до следната фаза од натпреварите во најсилното европско натпреварување. Во „групата на смртта“ како што ја нарекоа групата во која се наоѓаат и Њукасл и Борусија (Д), ПСЖ со головите на Мбапе, Коло Муани и Ли дојде до сигурен триумф над „росонерите“ кои и по ова коло остануваат без победа, заковани на последното место на табелата.

Њукасл доживеа шок на домашен терен. Борусија (Д) со голот на Нмеча во 45. Минута успеа да ги однесе сите три бода од гостувањето на „Ст. Цејмс Парк“ и да се израмни со англискиот тим на делба на второто и третото место на табелата во групата. Иако домашните имаа привидна доминација, мудро Германците ја задржаа предноста до самиот крај на мечот.

Манчестер Сити и Лајпциг ги освоија бодовите на двата меча од групата „Г“. Актуелниот европски шампион се намачи на гостувањето во Берн против швајцарски Јанг Бојс, но на крајот успеа да дојде до триумф од 1:3 со кој веќе си го обезбеди патот во нокаут-рудната на пролет. Првиот гол за Англичаните го постигна Аканџи во 48. минута, со што стана првиот Швајцарец кој постигнал гол против швајцарски тим во ЛШ. Домашните брзо возвратија за 1:1 преку Елија, додека Халанд од пенал во 67. минута го врати Сити во водство. Норвежанецот кон крајот погоди уште еднаш за конечни 1:3.

Селтик и Атлетико (М) одиграа без победник 2:2 во еден од највозбудливите дуели оваа вечер. Селтик двапати водеше со головите на Фурухаши и Палма, додека Шпанците двапати израмнуваа преку Гризман и Мората. На крајот поделбата на бодовите беше многу покорисна за гостите кои остануваа на второто место на табелата, а Селтик и натаму е последен со само еден освоен бод.

Црвена Звезда не успеа да извлече поволен резултат на гостувањето во Германија. РБ Лајпциг славеше со 3:1 и со тоа полека ги отпишува белграѓани од трката за место во следната фаза. Головите за домашните ги постигнаа Раум, Симонс и Олмо, додека единствениот за српскиот шампион беше дело на Стамениќ.

Во последната група, белгиски Антверпен по одлично одиграното прво полувреме против порто и водството од 1:0,д озволи за 10 минути на стартот во вториот дел да го загуби дуелот. Португалците со двата гола на Еванилсон и еден на Естакио брзо дојдоа до пресврт и предност од 1:3 која беше клучна за конечниот триумф.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 3 КОЛО

ГРУПА Е

Феенорд – Лацио  3:1

Селтик – Атлетико (М)  2:2

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА Ф

Њукасл – Борусија (Д)  0:1

ПСЖ – Милан  3:0

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА Г

РБ Лајпциг – Ц. Звезда  3:1

Јанг Бојс – Манчестер С. 1:3

Standings provided by Sofascore

 

ГРУПА Х

Барселона – Шахтјор  2:1

Антверпен – Порто 1:4

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноДушко Ивановиќ повторно на клупата на Басконија?
СледноПепе од вечерва е најстариот фудбалер кој играл во Лигата на шампионите