Вечерва ќе се одиграа уште осум натпревари од 3.коло во Лигата на Шампионите, и тоа во групите Е, Ф, Г и Х.
Се разбира дека дербито на вечерта е дуелот меѓу ПСЖ и Милан, Мбапе и другарите против седумкратниот некогашен европски првак. Во секој случај ќе биде супер интересно.
Во истата група – Ф, во таа “група на смртта“ на “Сент Џејмс Парк“ доаѓа Борусика Дортмунд. Ова е многу важен меч за Њукасл, но и за “милионерите“ од Германија.
Лајпциг ја пречекува Ц. Звезда, тука нема дилеми кој е фаворит. Оние оптимистички најави од летоска дека тимот на Бахар ќе “жари и пали“ во Европа, се распрснаа како меур од сапуница. Вистинско чудо ќе биде ако “црвено – белите“ завршат како трети во групата – Г, каде што се и Јанг Бојс и Манчестер Сити, екипи кои вечерва се среќаваат меѓусебно.
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
ГРУПА – Е
Феенорд – Лацио (18:45 Ч)
Селтик – А. Мадрид (21:00 Ч)
ГРУПА – Ф
Њукасл – Дортмунд (21:00 Ч)
ПСЖ – Милан (21:00 Ч)
ГРУПА – Г
Јанг Бојс – Манчестер Сити (21:00 Ч)
Лајпциг – Ц. Звезда (21:00 Ч)
ГРУПА – Х
Барселона – Шахтјар (18:45 Ч)
Антверпен – Порто (21:00 Ч)