Паника меѓу навивачите, Анчелоти откри важни вести

1990

Во третото коло во Лигата на шампионите, Реал Мадрид ја совлада Брага на гостински терен со резултат 2:1 во групата Ц. Кралскиот клуб одигра возбудлив дуел, а на крајот извојува вреден триумф во жешкото гостување.

Џуд Белингем, кој беше и стрелец, продолжи со одлични партии, но на крајот од мечот ги загрижи навивачите на Реал. Се пожали на еден удар и го напушти теренот во 89. минута.

Навивачите на Реал веднаш ги фати паника додека викендов се соочуваат со „Ел Класико“ против Барселона.

По завршување на мечот, тренерот Карло Анчелоти објасни што се случува.

„Мислам дека настапот на Ел Класико не е доведен во прашање. Тоа беше благ удар, мала повреда и мислам дека ќе биде подготвен“, изјави Анчелоти, но со доза на претпазливост.
ПретходноЈокиќ го зеде прстенот и го збриша Леброн (ВИДЕО)
СледноХит видео: Шек на српски јазик му порача на Јокиќ: ТЕ САКАМ!