Пепе од вечерва е најстариот фудбалер кој играл во Лигата на шампионите

482

Португалскиот дефанзивец Пепе стана најстариот фудбалер (со исклучок на голманите) кој настапил на натпревар во Лигата на шампионите.

Дефанзивецот стартуваше за Порто на натпреварот против Антверпен со полни 40 години и 241 ден.

Пепе го собори рекордот на Алесандро Костакурта и Дејвид Вер, кои на овој турнир настапија со 40 години и 211 дена. Португалецот вечерва го одигра својот 115. натпревар во Лигата на шампионите.

ПретходноЛШ: ПСЖ го прегази Милан, Сити со трета победа, Борусија го шокира Њукасл (ВИДЕО)
СледноДончиќ со меч за историја го расипа дебито на новото кошаркарско чудо (ВИДЕО)