Роналдо даде повеќе голови со послабата нога, отколку Меси во цела сезона за Интер Мајами

260

Иако играат на два различни краеви од светот, сепак споредбите меѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси нема да завршат, па дури и по нивното пензионирање.

Португалецот вчера постигна два гола во победата на Ал-Наср од 4-3 против катарскиот клуб Ал Духаил во азиската Лига на шампиони. Роналдо погоди на магичен начин во 61. минута со проектил од 25 метри, потоа од волеј во 81. минута. Двата пати погоди со левата нога.

Роналдо игра во одлична форма и се уште не размислува за пензија, а од друга страна, Меси веќе стана рекреативец, а тоа го потврдува и неговиот последен настап сезонава за Интер Мајами.

Имено, еден од навивачите го снимил Меси на мечот против Шарлот, а во забрзаното видео од 30 секунди може да се види како Аргентинецот само шета низ теренот. Очекувано видеото стана вирално, а многу љубители на фудбалот почнаа да се потсмеваат на Аргентинецот затоа што играше безволно и без труд.

ПретходноКуп – 1/8 финале: Вардар против “лавовите“, Работнички на мегдан со Шкендија, Струга ТЛ сака триумф на “езерското дерби“
СледноПоранешниот македонски селектор ќе го води Пролет во Прилеп