Пелистер го запиша шестиот пораз во низа во Лигата на шампиони. Македонскиот првак на домашен терен беше совладан од Кјелце со 21-24 (8-14).
Слабо прво полувреме и неверојатно одличен втор дел. Избраниците на привремениот тренер, Бранко Ангеловски покажаа дека не треба да бидат потценети. Се издигнаа од бездната и застанаа рамо до рамо со силниот полски состав, но во самиот финиш не успеа да дојде барем до реми.
Радивојевиќ беше стрелец на шест гола, Лесјак запиша девет одбрани (два седмерци), Пешевски беше стрелец на четири гола.
Гостите влегоа моќно, по 18 минути игра поведоа со 2-9. На другата страна битолскиот тим се мачеше, третиот гол го постигна Пешевски во 19 минута. Најголемата позитива, Кјелце ја имаше 22. минута (3-11), на одморот резултатот беше 8-14.
Кога се чинеше дека ова ќе биде лесна задача за избраниците на Талант Душебаев, Лесјак влезе во серија на одбрани го „дигна“ својот тим. Одбраната беше поцврста, гостите влегоа во серија на грешки, доволна причина за да ракометарите на македонскиот првак дојдат на минус еден гол негатива (15-16) во 42 минута. Кјелце во овој период остана со двајца ракометари помалку.
Оленичак ја прекина агонијата во редовите на полскиот состав за 15-17 во 45 минута. Кјелце успеа да ја стабилизира играта, три минути подоцна зголеми на 16-19. Радивојевиќ и Тајник ја искористија предноста од играч повеќе, намалија на 18-19 во 50 минута. Битолчани беа на негатива од еден до два гола (19-20, 20-21, 21-22). ж
На минута и некоја секунда до крајот наместо напад за нова надеж за победа, битолчани загубија топка, а Душебаев на празен гол зголеми на 21-24 и стави крај на сите надежи.