Струга ТЛ денеска во меч од 1/8 финалето во Купот на Македонија беше поразена од Воска и тоа по пенал – серијата. Иако шампионот играше со видно изменет состав, сепак беше подобар, имаше повеже шанси, но исто како и во последното финале во Купот, стружани беа поразени на пенали.
По елиминацијата свој коментар има Шпетим Дуро, стратегот на шампионот:
„Пеналите се прашање на среќа. Жалам што победникот не го решивме во тие 90.минути. Игравме речиси со втората екипа, но пак бевме подобри, имавме шанси. Така е тоа во фудбалот, не секогаш победува подобриот“ изјави стратегот на Струга ТЛ.