Никола Јокиќ на отворањето на новата сезона продолжи таму каде што застана минатата година. Србинот беше лидер во победата над ЛА Лејкерс од 119-107.
На овој меч му претходеше церемонијата на доделување шампионските прстени на Нагетс и подигање на шампионското знаме. Натпреварот беше во втор план на церемонијата, но Јокиќ набрзо покажа дека е главна ѕвезда и во двата случаи.
Проследено со извици „МВП“, тој го погоди својот прв шут за два поени сезонава, а потоа постигна шест поени во низа и го доведе Денвер на осум поени предност. До крајот на првата четвртина Нагетс имаа +14.
До полувремето Јокиќ постигна 19 поени. Во третата четвртина одмараше, но Лејкерси благодарение на Леброн дојдоа на три поени, но по што српскиот кошаркар мораѓе да се врати на теренот. Денвер не дозволи поинакво сценарио.
Јокиќ на крајот имаше 29 поени со 12/22 шут, 13 скока и 11 асистенции. Монструозниот трипл-дабл го украси со по една украдена топка и по еден блок. Јокиќ на тој начин влезе во ексклузивниот клуб на играчи кои отворија повеќе од една сезона со трипл-дабл.
Пред него тоа успеаја само Оскар Робертсон, Расел Вестбрук, Џејсон Кид и Меџик Џонсон.
Players with multiple triple-doubles in season openers:
Oscar Robertson
Russell Westbrook
Jason Kidd
Magic JohnsonAnd now, Nikola Jokic. https://t.co/QXPJr3JfC1
— StatMuse (@statmuse) October 25, 2023
Феноменалниот Јокиќ одлично го поддржаа соиграчите: Џамал Мареј со 21 поен и 6 асистенции, Поуп постигна 20, Арон Гордон имаше 15 поени, 7 скока и 6 асистенции. На другата страна Леброн имаше 21 поен, 9 скока и 5 асистенции. Ентони Дејвис постигна 17, но беше загубен во вториот дел.