Вардар и по 17 години нема да го види финалето во Купот на Македонија! (ФОТО)

608

Звучи неверојатно, но така е, тоа се фактите. Откако попладнево на Маџари, нашиот најтрофеен клуб беше совладан од Македонија ЃП со 0:1, во меч од 1/8 финалето на Купот, тоа значи дека Вардар и по цели 17 години нема да го види финалето на ова натпреварување.

Да се потсетиме дека вардарци последен пат играа во финалето во далечната 2007 година кога со 2:1 славеа против Победа.

Се разбира дека во моментов, со оглед на ситуацијата во која се наоѓа клубот, приоритет секако дека првенството и изборување на опстанокот, а купот може да почека за некои поубави времиња.

Новиот стратег на тимот од Ѓоче, Тони Џангаровски имаше успешно деби како тренер на “лавовите“, а тоа значи дека бранителот на пехарот се пласира во следната фаза во Купот на Македонија.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноДеари и „надежите“ со тежок пораз против Словачка
СледноЏонов: Нема да застанеме на овој бод