Гати останува во Јувентус со 2028 година

100

Јувентус и официјално го обнови договорот со Федерико Гати до летото 2028. Веста беше потврдена на клупската веб-страница.

25-годишниот централен дефанзивец минатата година дебитираше за италијанската репрезентација, а од стартот на актуелната сезона се повеќе е дел од плановите на Масимилијано Алегри.

Гати е момче од Торино, иако смени многу клубови пред да се пресели од Фрозиноне во Јуве во јануари минатата година за сума од 5,4 милиони евра.

ПретходноПовредата на Феликс не е сериозна, тој ќе игра на „Ел Класико“
СледноШести пораз за Пелистер во ЛШ, Кјелце со цел плен од Битола