Историскиот бод на Алкалоид во Логроњо: Лазаров „заповеда“, Петковски ладно спроведе (ВИДЕО)

549

Алкалоид на своето прво евро-гостување испиша нова страница во својата клупска историја. Избраниците на Кирил Лазаров од Логроњо се враќаа со бод како планина. Во второто коло од групната фаза, македонскиот виципрвак одигра реми (29-29) против големиот фаворит Ла Риоха.

Младите ракометари на Алкалоид на дело покажаа дека созреваат, се вратија од негатива од три гола, со погодокот на Александар Петковски израмнија на 29-29 за голема радост. Претходно, Сереафимов и Џонов, израмнија од негативата од три гола, а главна улога имаше Трајкоски кој запиша десет одбрани.

Пред последниот напад, Лазаров повика тајм-аут, акцијата беше убаво договорена, имаше две опции, едната беше токму 19-годишниот Петковски, кој го совлада голманот на шпанскиот тим.

На следниот ЛИНК можете да го погледнете видеото од мечот спакувано во минута и 36 секунди.

Алкалоид можеше и да си оди со победа, не успеа во неколку напади да дојде до водство од два гола, по што искусниот состав на Ла Риоха набрзина набилда позитива од три гола.

По второто коло, македонскиот вицепрвак е трет со еден бод, лидер е Војводина која славеше против Силкеборг.

ПретходноХит видео: Шек на српски јазик му порача на Јокиќ: ТЕ САКАМ!
СледноКуп – 1/8 финале: Вардар против “лавовите“, Работнички на мегдан со Шкендија, Струга ТЛ сака триумф на “езерското дерби“