Попладнево се одиграа натшреварите од 1/8 финалето во Купот. Македонија ЃП, бранителот на пехарот во Купот на Македонија, попладнево на Маџари со 0:1 како гостин успеа да слави над Вардар. Решавачки момент беше киксот на Гачевски, кој по шутот од слободен удар на Мишевски ја одби топката до Алии а овој стрелаше во празната мрежа.
Работнички направи чудо на ФФМ, успеа да ја победи Шкендија со 3:2, стрелци беа Влатко Стојановски, Гандо и Мазари, за Шкендија пак стрелаа Цаке и Елези. Тетовци имаа водство од 1:2,но и тоа не им беше долволно.
Брегалница со 11:0, очекувано, славеше против нискологашот Јанг Тим. Тоа беше вистинска голеада во Штип.