Макаби Тел Авив домашните натпревари од Евролигата, сепак, ќе ги игра во Белград. Ваква одлука донесоа клубовите кои имаат лиценца за турнирот на состанокот одржан вчера во Истанбул.
Следниот домашен натпревар на Макаби ќе биде на 9 ноември. Тимот ќе се сретне со германски Баерн.
Претходно, Макаби од безбедносни причини ги испрати своите играчи на Кипар. Да потсетиме, претседателот на српски Партизан претходно му предложи на Макаби да го префрли тимот во Србија и целосно да ја искористи „Штарк Арената“ за тренинзи и натпревари во Евролигата.