Полувреме: Работнички – Шкендија 1:2, голеада во Штип, со водство и Силекс и Шкупи!

251

Завршија сите први полувремиња од денешните средби во 1/8 финалето во Купот на Македонија. Најинтересно е на ФФМ каде се среќаваат Работнички и Шкендија. Поведоа “домашните“ со голот на Влатко Стојановски, но затоа тетовци вратија со головите на Цаке и Елези за водство од 1:2.

Во Штип вистинска голеада нешто што и се очекуваше. Брегалница со 6:0 води против нисколигашот Јанг Тим. Стрелци се Глигоров два, Димитриевски, Ѓорѓиев, Колев и Соломон.

Водство има и Шкупи против Охрид со голот на Дуду, како и Силекс со Башкими од 2:0 со двата гола на Каланоски.No description available.

На останатите мечеви резултатот по првите 45.минути е 0:0, а играат Воска – Струга ТЛ, Вардар – Македонија ЃП, Пелистер – Тиквеш и Брера – Гостивар.

ПретходноПИНГ-ПОНГ: Младост 96 и Крива Паланка останаа перфектни
СледноЊукасл размислува за милионска тужба против Милан