Каталонската “тајна вечера“!

818

Барселона излезе со соопштение дека последните претседатели на клубот се сретнале вчера. На состанокот присиствувале Хоан Лапорта, Хозеп Бартомеу, Сандро Росел, Енрике Реина и Хоан Гаспар.

Тие имаа вечера и неврзан состанок на кој главна тема беше како да се зајакне клубот во целина по се она што се случува во последно време“ велат од каталонскиот клуб.

На средбата биле анализирани и актуелните прашања и биле договорени заедничките позиции, односно се изградил заеднички став за поддршка и интересите на Барселона како клуб. Посебно за оние напади кон клубот во случајот “Негреира“.

Инаку ова се случува во пресрет на “Ел Класико“ кое е закажано за претстојниот викенд.

ПретходноКлоп: Операцијата на Робертсон мина во најдобар ред, не знам колку ќе паузира!
СледноМакаби ТА домашните средби во Евролигата ќе ги игра во Белград