Потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте, денеска јавно му се извини на Реал (М) и на ѕвездата на „кралевите“ Винисиус Жуниор, откако членот на бордот на шпанскиот шампион, Микел Кампс, напаѓачот на Реал Мадрид го наречен „кловн“.
„Ова не требаше да се случи, бидејќи е лоша работа. Ако Винисиус го чита ова, тогаш ве уверувам: тоа нема да се повтори“, рече Жусте, во изјава за „Марка“.
Микел Кампс на социјалните мрежи напиша дека Винисиус заслужува шлаканица поради тоа што е кловн. Тој подоцна ја избриша својата објава. Ова е уште една во низата преписки меѓу двата клуба кои само ја подгреваат атмосферата пред саботното „Ел Класико“.