КЛ: Џабе и гол и асистенција на Миовски, Абердин загуби дома (ВИДЕО)

418

Бојан Миовски и Абердин беа на одличен пат да ја слават првата победа во групнат афаза на Конференциската лига, откако поведоа со 2:0 на домашен терен со грчки ПАОК, а на крајот заминаа со спуштени глави по комплетниот преврт кој го направија гостите за конечни 2:3. Миовски погоди во 50. минута за 1:0, а само неколкуминути подоцна и асистираше за водство на шкотскиот тим од 2:0.

Сепак, откако Миовски ја напушти играта, домашните дозволија да примат три гола и да загубат добиен меч. Со овој пораз Абердин полека ги губи шансите за место во следната рунда на КЛ.

Ништо подобар вечерва не беше ниту Динамо (З) на Ристовски и Адеми. Хрватскиот првак дозволи да биде поразен дома од Викторија Плзен со 0:1. Гостите со оваа трета победа сигурно минуваат во следната фаза.

Очекувано висока победа извојува Фиорентина која со 6:0 му пресуди на српски Чукарички, додека Ајнтрахт (Ф) со истиот резултат го совлада Хелсинки.

ПретходноЛЕ: Ливерпул и Баер (Л) со „петарди“ ги нагостија Тулуз и Карабах (ВИДЕО)
СледноКошаркарското „Ел Класико“ за Реал (М)