Кошаркарското „Ел Класико“ за Реал (М)

152

Кошаркарите на Реал славеа во дербито од 5. коло од Евролигата против Барселона со 65:64 во исклучително возбудлива завршница на средбата.

Реал со оваа победа останаа 100% во овој дел од сезоната, додека Барселона беше поразена за првпат оваа сезона.

На полувремето беше 30:28 за Каталонците, а Реал влезе со 51:41 во последните десет минути.

Мадриѓаните иако во еден момент имаа +14, дозволија Барселона да ги претекне и да израмни на 59:59. На 15 секунди до крајот во пенал-рулетот, Факундо Кампако ги погоди сите три од линијата за фрлање за 62:59, а на другата страна погоди и Томаш Саторански, 62:60.

Веднаш играчите на Барселона направија прекршок, повторно на линија беше Кампацо, но овојпат погоди еден, 63:60. Саторански потоа беше фаулиран на 4,7 секунди до крајот, доби три фрлања, но Сатарански го промаши првото фрлање. Потоа погоди во второто и повторно промаши во третото.

Хезоња беше фаулиран на 63:61 на 3,5 секунди до крајот, по што Реал славеше. Габриел Дек со 20 и Винсент Поаре со 14 поени беа најефикасни кај победничкиот тим, додека Вили Ернангомез постигна 13, а Јан Весели 12 за Барселона.

ПретходноКЛ: Џабе и гол и асистенција на Миовски, Абердин загуби дома (ВИДЕО)
СледноЛилард растури на официјалното деби за Милвоки, Лејкерс победија во вториот меч (ВИДЕО)