Синоќа од засега непознат сторител, извршен е грабеж во службените простории на ФК Шкупи, поточно во делот наменет за одмор на фудбалерите, во кој што е украдена вредна теничка стока.
ФК Шкупи преку официјално соопштение ја пренесе оваа информација, и јавно се запрашува до кога клубот ќе биде жртва на ваквиот тип на криминал.
Да потсетиме, во минатото, штотуку реновираната ложа на новата трибина на стадионот во Чаир беше демолирана и беше направена голема штета.