Манчестер Сити победи со 3:1 кај Јанг Бојс во Берн во третото коло од Лигата на шампионите. Натпреварот го реши Ерлинг Халанд, кој погоди од пенал во 67. за ново водство на Сити, а потоа во 86. минута ги постави конечните 3:1.
Тоа беа први голови за Халанд во Лигата на шампионите оваа сезона, а вкупно 11-ти гол во 13-от настап во сите натпреварувања за тимот на Пеп Гвардиола. Шпанскиот стручњак по натпреварот изјави:
„Луѓето очекуваат од него да постигнува четири гола на секој натпревар. Луѓето сакаат тој да не успее.
Жал ми е. Тој ќе дава голови цел живот, тој е неверојатна опасност. Важно е што создава шанси. Тој веќе постигна многу голови во Премиер-лигата, многу повеќе од луѓето кои добиваат многу комплименти“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити е лидер во групата од Лигата на шампионите и е на дофат до осминафиналето.