Дончиќ со меч за историја го расипа дебито на новото кошаркарско чудо (ВИДЕО)

3125

Лука Дончиќ одигра одличен натпревар за Далас. На првиот меч во новата сезона ги предводеше Маверикс до победа против Сан Антонио Спарс од 126-119.

Словенечката суперѕвезда на НБА лигата беше под знак прашалник за воведниот натпревар, но на теренот не изгледаше како да се мачи со повреда на потколеницата, поради која до вчера не беше јасно дали ќе игра. Не само што настапи, Дончиќ го искористи мечот за историско остварување.

Тој одигра 34 минути и ги искористи за 33 поени (13/25), 13 скока и 10 асистенции, со што стана само третиот кошаркар во историјата на НБА кој постигнал трипл-дабл учинок со 30 или повеќе поени на отворањето на сезоната. Оскар Робертсон го направи тоа двапати, во 1961 и 1966 година, а во поновата ера тоа го направи само Јанис Адетокумбо во 2019 година. Тој стана и првиот играч на Далас со трипл-дабл учинок во првиот натпревар од сезоната.

Натпреварот кој се чекаше поради дебито на Вембањама, новото кошаркарско чудо за кое стручњаците велат дека ќе доминира во годините што следат, го одбележа сензационална игра на поискусниот Словенец, чиј тим минатата сезона го пропушти плеј-офот и влезе во оваа сезона со големи амбиции.

Вембањама одигра 23 минути во своето деби во НБА. Ги искористи за 15 поени и пет скока, а имаше и пет загубени топки. Тој во последните седум минути од натпреварот постигна девет поени од вкупниот учинок.

Резултати: Шарлот – Атланта 116:110, Индијана – Вашингтон 143:120, Њујорк – Бостон 104:108, Орландо – Хјустон 116:86, Бруклин – Кливленд 113:114, Мајами – Детроит 103:102, Торонто – Минесота 97:94, Чикаго – Оклахома 104:124, Мемфис – Њу Орлеанс 104:111, Јута – Сакраменто 114:130, ЛА клиперс – Портланд 123:111.

ПретходноПепе од вечерва е најстариот фудбалер кој играл во Лигата на шампионите
СледноИграч на Барса го собори светскиот рекорд: Поглднете како изгледа гол од 230 на час (ВИДЕО)