Загреб водеше цел меч, па на крајот загуби од Пик Сегед

121

Ракометарите на Загреб го претрпеа третиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите, откако вечерва на гостувањето кај Пик Сегед беа минимално поразени со 27:26. Ова е прв пораз на загрепчани по серијата од три меча во кои имаа две победи и едно реми.

Интересно е што Загреб имаше предност во скоро целиот меч, но доволија во завршницата унгарскиот тим да се врати во игра и да победи.

Степанчиќ, Гарсиандиа и Соарес со по четири постигнати гола беа најефикасни кај Пик Сегед, додека кај екипата на Загреб најефикасен беше Србинот Кос со 5 гола.

ПретходноФранцузите суспендираа фудбалер на 7 меча поради антисемитизам
СледноПартизан со пресврт до победа во драматичното дерби против Ц. Звезда