Играч на Барса го собори светскиот рекорд: Поглднете како изгледа гол од 230 на час (ВИДЕО)

2809

Фермин Лопез играчот од средниот ред на Барселона, во 36. минута од натпреварот против Шахтјор, направи подвиг за историјата на Лигата на шампионите и светскиот фудбал. Откако го намести првиот гол на својот тим, спектакуларно го постигна  вториот погодок за победа од 2:1.

Тој ја испрати топката во голот со најголема брзина која до овој меч е измерена. Од работ на шеснаесетникот ја шутираше топката во голот со 230 километри на час. Ова е апсолутен рекорд кога се во прашање головите во кои се мерела брзината на траекторијата на топката.

Фермин далеку зад себе го остави досегашниот рекордер Рони Хеберсон од Спортинг Лисабон, кој постигна гол со брзина од 210 на час. Трет е Арјен Робен, кој погоди со шут од 190 на час, потоа Стивен Рид со 189, додека петти е Роналд Куман со гол постигнат со 188 км/ч.

ПретходноДончиќ со меч за историја го расипа дебито на новото кошаркарско чудо (ВИДЕО)
СледноАнгеловски: Можеме да бидеме задоволни, но никако среќни