Кадетите со убедлив пораз го стартуваа на „Трофеј Карпати“

277

Ракометната кадетска репрезентација на Македонија e поразена на првиот меч на „Трофејот Карпати“. На отворањето, селекцијата под раководство на Наум Танески доживеа пораз од Египет со 21:35.

Најефикасен во репрезентацијата на Македонија беше Јулијан Матески со пет погодоци, втор стрелец беше Филип Насевски со четири гола.

Кадетите на Македонија во јануари ќе ги играат квалификациите за пласман на кадетскиот континентален собир 2024, а во групата се Косово, Словачка и Швајцарија. Најдобрите две селекции ќе обезбедат билет за ЕП.

ПретходноЕве каде можат да се купат билети за мечот Италија-Македонија
СледноСудии за ВМФЛ: Идризи ќе го суди дербито Охрид – Пелистер