Ливерпул ја оствари и третата победа во групната фаза од Лигата на Европа и со една нога веќе е патник во пролетните нокаут-средби од второто по ранг европско клупско натпреварување. Вечерва на „Енфилд“ Тулуз прими 5 гола во мрежата, а момците на Клоп на крајот славеа со 5:1 и убедливо го запоседнаа врвот на табелата во групата „Е“, каде вечерва во вториот меч Ројал Унион со пресврт стигна до победа од 2:1 над австриски ЛАСК. Головите за Ливерпул беа дело на Жота, Ендо, Нуњез, Гравенберх и Салах, а домашните имаа релани шанси и за поубедлив триумф.
Лидерот во Бундеслигата, Баер (Л) беше немилосрден и кон Карабах. Во меч од групата „Х“, „фармацевтите“ ги „почестија“ гостите од Азербејџан со пет парчиња за конечни 5:1 и за убедливо прво место на табелата со три победи.
И Рома на Мурињо е безмилосна во групата „Г“, Италијанците со 2:0 вечерва на домашен терен славеа над Славија (П) и со три бода практично се во нокаут-фазата. Головите за „волчицата“ ги постигнаа Бове и Лукаку уште во првите 17 минути на средбата во Рим.
Брајтон ја оствари првата победа во Лигата на Европа откако вечерва со 2:0 славеше над Ајакс и му ја продолжи агонијата на холандскиот гигант. За победата на Англичаните се погрижија Жоао Педро и Ансу Фати.