ЛЕ: Олимпијакос го запре Вест Хем, прва радост и за Олимпик (М) (ВИДЕО)

68

Во првиот дел од вечерашните дуели од 3. коло во Лигата на Европа, екипата на Олимпијакос извојува исклучително вредна победа над англиски Вест Хем од 2:1 во еден од најинтересните дуели во оваа рунда. Ова беше само прва победа за Олимпијакос во групата, но победа која и натаму ги остава во битка за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Головите за победа на грчкиот тим ги постигнаа Фортунис (33′) и Огбона со автогол во 45. минута. Во оваа група германски Фрајбург со 3:1 славеше кај Бачка Топола и ја оствари втората победа.

Прв успех во групната фаза вечерва и за француски Олимпик Марсеј. На средбата со грчки АЕК момците од „Велодром“ славеа со 3:1. Харит и Верету погодија двапати од белата точка за домашните, а претходно прецизен од игра беше Витиња.

Бетис со голот на Ајозе Перез славеше со 0:1 на гости кај екипата на Арис, додека во истата група Ренџерс и Спарта (П) одиграа без голови.

Без победник завршија и двата меча во групата „Д“. Раков и Спортинг (Л) завршија 1:1, додека Штурм и Аталанта застанаа на 2:2.

ПретходноПартизан со пресврт до победа во драматичното дерби против Ц. Звезда
СледноСтрумица ја почувствува салата „Младост“ во Бургас, утре стартува европската есен во ЛШ (ФОТО+ВИДЕО)