Луис Енрике: Не го преболев поразот од Њукасл

80

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике е задоволен од победата од 3:0 над Милан во групата Ф во Лигата на шампионите, но со одредени замерки кон своите играчи. Ова особено важи за воведните минути од натпреварот, во кои гостите беа подобриот тим.

Шпанецот дури изјави дека доколку тогаш „росонерите“ постигнале гол, натпреварот можел да се развие на сосема поинаков начин.

„Првите 20-25 минути беа за Милан. Направивме премногу грешки со топката. Тоа ни ја разниша самодовербата. Голот на Килијан не смири. По полувремето бевме различни, со поголема прецизност. Бевме подобри. За мене најважно е да победиме. Важно е навивачите да знаат дека играчите дадоа се“, изјави Енрике.

Шпанскиот стратег призна дека не го преболел поразот од Њукасл.

„Се уште не го преболев поразот од Њукасл (1-4), па… нема да го заборавам.Ова е групата на смртта, ќе треба да се бориме до последно. Ќе ни биде тешко да играме во Милано против Милан кој е во покомплицирана ситуација од нас“, додаде Шпанецот.

ПретходноРистовски и Адеми ја пречекуваат Викторија Плзен, Миовски на мегдан со ПАОК
СледноТонали ја дозна конечната казна за обложувачкиот скандал