Партизан со пресврт до победа во драматичното дерби против Ц. Звезда

171

Во драматична завршница во Белград, големото градско дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда во рамките на петтото коло од Евролигата, го добија „црно-белите“, иако гостите долго време одржуваа предност. Партизан ја совлада Црвена звезда со 88:86, па сега по пет одиграни кола во Евролигата има две победи и три порази, додека Црвена звезда ја продолжи лошата серија и сега е на скор 1-4.

Носени од громогласна поддршка од трибините, избраниците на тренерот Обрадовиќ тргнаа одлично и направија серија од 10:0, која најавуваше сосема поинаков тек на мечот. Сепак, гостите почнаа да се ослободуваат од почетниот притисок, а Партизан влезе во проблеми во нападот.

До крајот на полувремето, Партизан успеа да одржи благо водство, но Напиер постигна нова тројка на крајот од втората четвртина и донесе израмнување – 42:42.

По паузата Партизан не успеа да го врати ритамот на игра, а гостите ја почувствува слабоста и минаа во водство. До крајот на третиот период Ц. Звезда веќе имаше 65:53. Партизан не се предаде, и во завшницата најпрво израмни (80:80), а потоа и премина во водство за конечен триумф.

Алекса Аврамовиќ со 14 поени и Ледеј со 13 беа најефикасни кај домашните, додека Боломбој постигна 16 поени, а Напиер 13 за гостите.

ПретходноЗагреб водеше цел меч, па на крајот загуби од Пик Сегед
СледноЛЕ: Олимпијакос го запре Вест Хем, прва радост и за Олимпик (М) (ВИДЕО)