Денеска на програмата е новото коло од групната фаза од Лигата на Европа односно Конференциската лига. Нам во фокусот секако ни е првентсвено дуелот оод Конференциската лига во кој Динамо Загреб односно Стефан Ристовски и Аријан Адеми го играат против тимот на Викторија Плзен на домашен терен.
Динамо има проблем сезонава во овој момент да обезбеди пласман во елиминациите, и бодови против Викторија Плзен се неопходни.
Од друга страна пак, Бојан Миовски на свој терен го пречекува тимот на ПАОК, и ја бара својата прва победа во групната фаза сезонава. Досега има само еден освоен бод од два меча.
Тимот на ТСЦ Бачка Топола каде што е Мартин Мирчевски денеска го пречекува големиот Фрајбург на домашен терен.