Стивен Џерард даде гол за Бугарија! (видео)

338

Стивен Џерард игра за Бугарија! Не е шега, навистина фудбалер со име Стивен Џерард го носи дресот на бугарската фудбалска репрезентација. Секако, не се работи за легендарниот фудбалер на Ливерпул, туку за фудбалер роден во 2008 година чие цело име е Стивен Џерард Жан Ив Гаоте.

Неговиот татко е со потекло од БС Коска, а мајка му е од Бугарија, а тој е роден во Бугарија. Почнал во Левски во младите категории и постигнал 38 голови во 35 натпревари. Од оваа година игра за првиот тим на Левски.

Одбрал да игра за Бугарија и ги поминал У15 и У16 тимовите на Бугарија, а вчера за У17 постигна гол во квалификациите за ЕП. Постигна гол во ремито 1:1 со БиХ.

 

Претходно„Ако на Евертон му одземат 12 бодови, тогаш Сити треба да го преселат во петтата лига“
СледноФудбалер одби да се ракува со тренерот, клубот го казни