Струмица ја почувствува салата „Младост“ во Бургас, утре стартува европската есен во ЛШ (ФОТО+ВИДЕО)

119

Одбојкарите на македонскиот шампион Струмица веќе се во Бургас, каде почнаа и со активни тренинзи во очекување на утрешниот прв меч од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Струмичани засилени со интернационалците допатуваа во Бургас каде во салата „Младост“ под водство на тренерот Кире Ричлиев веќе го почувствуваа теренот, на кој утревечер ќе излезат на мегдан со главниот фаворит во групата, екипата на Нефтохимик Бургас.

Домаќинот на турнирот е голем фавори за место кое води во следната рунда, а Струмица заедно со унгарски Капошвар и Будва од Црна Гора ќе се борат за второто место кое исто така води во второто квалификациско коло од ЛШ.

Струмичани не кријат дека се одлично расположени и дека и на утрешниот меч ќе дадат максимум во обид да го изненадат фаворитот.

 

ПретходноЛЕ: Олимпијакос го запре Вест Хем, прва радост и за Олимпик (М) (ВИДЕО)
СледноЛевандовски и повреден инсистира да игра в сабота против Реал (М)